• петок, 27 декември 2024

Петровска: Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка на турскиот народ

Петровска: Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка на турскиот народ
Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Изразувам длабоко сочувство до турскиот народ и нашите сојузници од Турција, но и подготвеност за помош во овие тешки моменти за нашите пријатели, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил. 

- Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување на колку може повеќе човечки животи, објави Петровска на Фејсбук.

Додава дека нашиот народ знае што значи солидарност и подадена рака во тешки моменти кога ни е најпотребна. цр/дма/

Остани поврзан