• недела, 24 ноември 2024

Петровска: Данела Арсовска ги лаже граѓаните, има нечесен и неискрен пристап кон нив

Петровска: Данела Арсовска ги лаже граѓаните, има нечесен и неискрен пристап кон нив
Скопје, 28 октомври 2021
Данела Арсовска ги лаже граѓаните. Целата лажна слика што се обидуваше да ја креира околу себе кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, падна во вода.
Во овој случај, не е важно Даниела како се чувствува, Северна Македонија е татковина за сите.
Но, проблемот е што Данела Арсовска ги лаже граѓаните, има нечесен и неискрен пристап кон нив.
Ако Данела лаже и крие за нејзиното бугарско државјанство, можете да замислите што се друго крие и лаже.
Денеска објавуваме нови докази поврзани со овој скандал, со овој сплет на лаги на Арсовска кој целосно е демаскиран.
Не само Арсовска, целото нејзино семејство има бугарско државјанство.
Ова е Удостоверението на Ангел Арсовски, сопруг на Арсовска, издадено 2010 година.
Идентично исто како и Арсовска, и Арсовски има бугарска лична карта.
Со име и презиме, со номер, со гражданство.
Бугарската лична карта на Ангел Арсовски е издадена еден месец пред бугарската лична карта на Данела, односно на трети април 2017 година.
И неговата исто како и онаа на Данела е се уште важечка.
Валидноста, односно веродостојноста на овие документи кои ги објавуваме се потврдува преку официјалната интернет страница на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.
Со внесување на датум на раѓање и број на документ, во овој случај двете лични карти, има официјална потврда за нивната валидноста.
Госпоѓо Арсовска,
Со лаги за започнавте кандидатурата, со лаги ја започнавте кампањата, со лаги ја завршувате.
Ги излажавте скопјани, не сте независна, целото режимско ВМРО-ДПМНЕ стои зад вас.
Очигледно Данела Арсовска долго време има длабоки врски со други држави, Унгарија и Бугарија.
Неискреноста на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, со нејзиното лажење на граѓаните отвора и други многу сериозни прашања.
За чии интереси работи Данела Арсовска?
Арсовска е зависна од други држави, за мотиви за кои треба таа лично самата да ги соопшти на граѓаните.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е иста како и нејзината партија.
Затоа, почитувани граѓани, скопјани, во недела да се обиденеме и да гласаме за напредокот, за чесноста и искреноста, за СДСМ.
Да не дозволиме луѓе кои вака безочно лажат додека ве гледаат во очи да го уништуваат главниот град Скопје, да ја уништуваат нашата татковина”.
Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ
___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан