• среда, 25 декември 2024

Петровска: Гоце Делчев е великан кој треба достоинствено да се чествува Скопје, 31 јануари 2023 (МИА) – Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното интервју за Аргумент плус на

Петровска: Гоце Делчев е великан кој треба достоинствено да се чествува Скопје, 31 јануари 2023 (МИА) – Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното интервју за Аргумент плус на

Скопје, 31 јануари 2023 (МИА) – Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното интервју за Аргумент плус на Телевизија 24, истакна дека Гоце Делчев е великан чиј роденден треба да се чествува со соодветно однесување, а дека зад најавените патриотски стражи на гробот на Гоце Делчев гледа мотив за придобивање на политички поени на картата на национализмот.

-Нема услови и нема потреба за создавање на никакви паралелни структури, заради тоа што институциите на државата функционираат, особено институциите коишто се задолжени за безбедноста и стабилноста на оваа држава. Нема потреба. Она што јас го гледам, она што е мотив веројатно кај нив, е само политички поени, и на картата на национализмот по којзнае кој пат, да се обидат да му се допаднат на народот. Знаете како, многу долго во Република Северна Македонија изборите се сметаа дека се можност за добивање или губење на прашања поврзани со националните прашања. Тоа се случува сега и во Бугарија. Тоа е една од причините зошто се разгоруваат страстите помеѓу двете држави.Не мислам дека на национални прашања треба да се добиваат или губат избори заради тоа што тие прашања треба да бидат затворени или решени на поинаков начин, а не на добиени или изгубени избори, рече Петровска.

На прашањето дали стравува дека патриотските стражи на ВМРО ДПМНЕ може да предизвикаат инцидент, Петровска коментираше дека е лоша одлука доколку се истите таму за да предизвикаат инциденти.

-Ако се таму да предизвикаат инцидент, тогаш тоа им е многу лоша одлука. А ако се таму да го чествуваат денот на нашиот великан, тогаш треба соодветно да се однесуваат и навистина да го чествуваат денот на раѓањето на Гоце Делчев, а да ги остават институциите да ја завршат својата работа, истакна Петровска.лв/бт/

Остани поврзан