• четврток, 26 декември 2024

Петровиќ: Трофејот им го посветувам на моите другари, Цевка, Дуковски и Лазовски

Петровиќ: Трофејот им го посветувам на моите другари, Цевка, Дуковски и Лазовски
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, трофејот од Суперкупот освоен вчеравечер на мечот со ТФТ, го посвети на покојните македонски тренери Василов, Дуковски и Лазовски. - Ова не е изненадување за мене, заслужено победивме бидејќи имавме контрола над резултатот во текот на целиот натпревар. Нормално, се игра за трофеј. Секој трофеј е важен. Очекував ваков натпревар и од моите играчи и од страна на ТФТ. И многу ми е драго што трофејот го носи името на мојот другар Драган Василов Цевка. Сакам да им го посветам овој освоен трофеј на Драган Василов Цевка, Анте Дуковски и на Маки Лазовски кои нè напуштија прерано, изјави Петровиќ. МЗТ Скопје Аеродром го одбрани трофејот во македонскиот Суперкуп, откако пред исполнетата сала во СРЦ „Кале“ го победи ТФТ со 100:82. Ова е вкупно петти трофеј во Суперкупот за „штрковите“ од Аеродром. зс/

Остани поврзан