• недела, 01 септември 2024

Петровиќ по триумфот над Широки: Сé што беше договорено се испочитува

Петровиќ по триумфот над Широки: Сé што беше договорено се испочитува
Широки Брег, 23 март 2022 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ ги пофали своите кошаркари за прикажаната игра на синоќешниот дуел со Широки во 11. коло од регионалната АБА 2 лига. МЗТ Скопје Аеродром го победи Широки со 91:78. - Одигравме одличен натпревар. Договореното и за во одбрана и за во напад го испочитувавме. Го контролиравме скокот, резултатот. Честитки до Широки за добрата и фер игра и до публиката која беше коректна, изјави Петровиќ. Ова беше прва победа за „сино-белите“ на последниот „балон“ во лигата кој се игра во Широки Брег. На табелата МЗТ Скопје е прв со 20 бода, но и натпревар повеќе од Борац Бања Лука. Вториот македонски претставник, тимот на Пелистер од Битола има 14 бодови и се наоѓа на 11. место. зс/

Остани поврзан