• среда, 25 декември 2024

Петраков повеќе не е селектор на Ерменија

Петраков повеќе не е селектор на Ерменија

Ереван, 14 октомври 2024 (МИА) - Селекторот на ерменската фудбалска репрезентација Олександр Петраков ја напушти функцијата, објави официјалниот сајт на тамошната фудбалска федерација.

Шеесет и седумгодишниот Украинец е отпуштен по вчерашниот пораз (0:2) од македонската репрезентација во 4. коло од Лигата на нации.

Петраков ја водеше ерменската репрезентација од јануари 2023 година. Ерменците ги загубија шансите за првото место во групата 4 од Лигата Ц. 

Во следниот натпревар Ерменија ќе се сретне со Фарски Острови на 14 ноември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан