• четврток, 26 декември 2024

Договор за соработка на Ветеринарната комора со турската Ветеринарно медицинска асоцијација

Договор за соработка на Ветеринарната комора со турската Ветеринарно медицинска асоцијација

Скопје, 12 април 2024 (МИА) - Ветеринарната комора на Северна Македонија (ВКМ) и турската Ветеринарно медицинска асоцијација ќе ја унапредуваат соработката преку Договор што ќе биде потпишан вечер (18.00) во Музејот на Битола, како симболичен чин на историските врски помеѓу двете држави и народи.

Договорот ќе го потпишат претседателот на ВКМ Жарко Михајлоски и претседателот на турската Ветеринарно медицинска асоцијациј Мурат Арслан,  во присуство на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, деканите на ветеринарните факултети од Битола, Скопје, Софија, Стара Загора, Тирана и Нови Сад, претседателот на Албанската ветеринарна комора и други гости.

-Двете организации на ветеринарни професионалци ќе промовираат соработка во делот на прашања од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво и по прашања за обезбедување на информации што се сметаат за важни за постигнување на заеднички цели, особено оние поврзани со развој на дигнитетот на ветеринарната професија, здравјето и благосостојбата на животните и на луѓето, како и соработка за спроведување на заеднички програми во делот на континуирано образование на кои ќе можат да се разменат искуства помеѓу ветеринарните практичари, најави Ветеринарната комора. лв/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан