Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков
- Во рускиот напад врз Харков се повредени 15 лица, соопшти началникот на Обласната воена управа на Харков, Олег Синегубов. „Бројот на жртви се зголеми на 15. Спасувачите го локализираа пожарот предизвикан од непријателското гранатирање“, објави Синегубов на Телеграм.
Киев, 25 ноември 2024 (МИА) - Во рускиот напад врз Харков се повредени 15 лица, соопшти началникот на Обласната воена управа на Харков, Олег Синегубов.
„Бројот на жртви се зголеми на 15. Спасувачите го локализираа пожарот предизвикан од непријателското гранатирање“, објави Синегубов на Телеграм.
Претходно, тој соопшти дека деветтмина од повредените биле хоспитализирани.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, истакна дека бил гранатиран густо населен станбен дел од градот.
- Гореа деловни објекти и автомобили. Сите надлежни служби и волонтери се на терен, додаде Терехов. ссм/
фото: архива