• среда, 18 декември 2024

Петнаесет години македонско културно лето во Албанија

Петнаесет години македонско културно лето во Албанија
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Со концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во Пустец вечер ќе почне 15-то издание на фестивалот „Македонско културно лето“. Организатор на фестивалот е Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ – Скопје и актерот Едмонд Сотир. Фестивалот ќе се одржува до 5 јули, кога премиерно ќе биде изведена претставата „Орест“ во копродукција на Здружението „Сонце“ и Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес. На затворањето на фествалот ќе бидат доделени наградите за најдобрите актер и актерка. Претставите ќе почнуваат во 20 часот и ќе се одиграат на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец. Годинашниот фестивал „Македонско културно лето“ е поддржан од министерствата за култура на Северна Македонија и на Албанија, Обединета македонска дијаспора, компанијата „Кромберг и Шуберт“ - Битола, Град Скопје, Општина Велес, Општина Пустец, „Кожувчанка“, Велешкиот театар и Театар Комедија - Скопје. мд/сп/

Остани поврзан