• среда, 25 декември 2024

Петмина тешко повредени во масовнa престрелка меѓу криминални банди во Франција

Петмина тешко повредени во масовнa престрелка меѓу криминални банди во Франција

Поатје, 1 ноември 2024 (МИА) - Пет лица се тешко повредени, меѓу кои и еден тинејџер, во масовно пукање поврзано со трговија со дрога во западна Франција, изјави министерот за внатрешни работи Бруно Ретело, пишува Гардијан.

Престрелката избувнала во текот на ноќта пред ресторан во градот Поатје, изјави денеска министерот за радио BFMTV/RMC.

-Тоа што започнало како престрелка во ресторан завршило со тепачка меѓу ривалски банди во кои беа вклучени неколку стотици лица, рече тој.

„Петнаесетгодишното момче е во многу тешка состојба“, додаде тој.

Во судирот учествувале пет банди.

Министерот предупреди дека Франција се наоѓа на „пресвртна точка“ кога станува збор за насилството во трговијата со дрога, изјавувајќи дека подоцна во текот на денот планира да замине во Рен, каде што е хоспитализирано уште едно петгодишно дете откако беше застрелано во саботата во уште еден судир меѓу бандите поврзани со дрога.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан