Петмина пакистански полицајци загинаа во судир со екстремистите
- Полициската патрола била нападната во градот Дера Исмаил Хан. Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот
Исламабад, 11 февруари 2026 (МИА) – Пет полицајци загинаа во престрелка со екстремистите во северозападниот дел на Пакистан.
Полициската патрола била нападната во градот Дера Исмаил Хан. Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Дера Исмаил Хан се наоѓа во планинскиот регион Вазиристан, кој граничи со Авганистан. Во регионот дејствуваат исламистичката група на пакистанските талибанци „Техрик е талибан Пакистан“ (ТТП). Насилството во регионот е зголемено откако ТТП во 2022 година одби примирје со Исламабад. ми/
фото: МИА архива