• четврток, 26 декември 2024

Петков: Со истите министри влегуваме во преговори за нова влада, јас ќе бидам кандидат за премиер

Петков: Со истите министри влегуваме во преговори за нова влада, јас ќе бидам кандидат за премиер

Софија, 26 јуни 2022 (МИА) - Извршниот совет на најголемата партија во 47. Народно собрание на Бугарија „Продолжуваме со промената“ влегува во преговори за нова влада со ист состав на министри.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков вечерва има уште една средба на раководството на партијата, за предлог составот на новата влада на „Продолжуваме со промената“.

Петков потврди дека ќе биде предложен за иден премиер. Тој не сакаше да ги коментира именувањата за поединечните министерски места, бидејќи реално, додека неговата партија нема поддршка од независни пратеници, се надева дека ќе види дали има таква шанса и затоа не сака да навлегува во детали со нивните имиња.

Премиерот во оставка коментира дека не би преговарал со Бојко Борисов, Дељан Пеевски и „Движењето за права и слободи“, Костадин Костадинов, лидер на националистичката партија „Преродба“, како и со Слави Трифонов. Кирил Петков истакна дека шефот на пратеничката група на „Има таков народ“ Тошко Јорданов не може да направи чекор без одобрение на Слави Трифонов и затоа нема да може да преговара со него.

Премиерот на Бугарија Кирил Петков утре ќе поднесе оставка од владата, по што ќе започне процедурата за формирање нова влада. Според неа, претседателот Румен Радев треба да го предаде првиот мандат на најголемата политичка партија во бугарскиот Парламент, а доколку не успее да го врати исполнетиот мандат со предлог-влада, тогаш мандатот ќе го добие втората по големина партија во Народното собрание. а ако не успее тогаш претседателот, според Уставот на Бугарија, има право да избере на која од другите партии да и го предаде, а ако не поднесе предлог влада, тогаш го распушта Парламентот со два декрети и назначува преодна влада до предвремените парламентарни избори во земјата и формирање редовна влада. нк/ми/

Остани поврзан