• среда, 25 декември 2024

Петков: Се надевам дека утре нема да има проблеми на протестите пред бугарскиот Парламент

Петков: Се надевам дека утре нема да има проблеми на протестите пред бугарскиот Парламент
Софија, 20 јуни 2022 (МИА) - Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва им се обрати и им се заблагодари на демонстрантите кои излегоа за поддршка на бугарската Влада, како и на сменетиот претседател на Народното собрание, Никола Минчев, јави дописникот на МИА од Софија. Присутните скандираа „Мафијата надвор“ и „Ние сме заедно“ за да изразат поддршка за антикорупциската политика на Владата во Софија. По повод планираните протести за утре во Софија, Петков изрази надеж дека нема да има проблеми, велејќи дека министерот за внатрешни работи Бојко Рашков го гарантирал тоа и дека ќе има само мирни протести. Во однос на претстојното гласање за недоверба на Владата Петков рече дека продолжуваат разговорите со различни пратеници и изрази надеж дека многу луѓе во последен момент ќе одлучат да ја поддржат Владата. На протестот присуствуваа и министерот за иновации и технологија Даниел Лорер, како и министерот за транспорт Николај Сабев и поранешниот претседател на Народното собрание Никола Минчев, а со нив беше и сопругата на премиерот Линда Петкова. нк/паг/  

Остани поврзан