• четврток, 19 декември 2024

Петков за изјавата на Радев: Посетата на Северна Македонија не е избрзана, туку многу задоцнета

Петков за изјавата на Радев: Посетата на Северна Македонија не е избрзана, туку многу задоцнета
Софија, 1 февруари 2021 (МИА) - Посетата на Северна Македонија не беше избрзана, туку „ужасно многу задоцнета“, реагираше бугарскиот премиер Кирил Петков на изјавата на претседателот од Бугарија Румен Радев дека неговата посета на Скопје била избрзана. - Вистината е дека Бугарија изгуби 30 години во тие односи. Мојата посета не само што не е избрзана, туку и ужасно задоцнета. Не јас како премиер, таа беше задоцнета бидејќи бугарската страна треба да има активна позиција, да има конструктивен тон на дејствие, да има јасни цели и точен пристап, рече Петков. Тој изрази жалење дека Бугарија изгубила толку многу години. - Јас не можев да издржам да ја одложувам посетата за ниту еден ден, додаде Петков. Претходно, Радев рече и дека секоја избрзана акција на бугарската влада, секој позитивен прелиминарен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна. нк/нд/

Остани поврзан