• четврток, 19 декември 2024

Петков: Во Северна Македонија и Бугарија има многу јасни сили кои не сакаат добрососедство и стабилност меѓу нив

Петков: Во Северна Македонија и Бугарија има многу јасни сили кои не сакаат добрососедство и стабилност меѓу нив
Софија, 3 февруари 2022 (МИА) - Во Република Северна Македонија и Бугарија има многу јасни сили кои не го сакаат ова добрососедство и стабилност и ќе ја искористат секоја можност во наредните недели да го блокираат нашиот процес, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за БНТ коментирајќи ги односите Софија-Скопје. Како што јави дописникот на МИА од Софија,  „за надворешната политика во нашите односи, одговорни се премиерот Ковачевски и премиерот Петков“,  пососчи бугарскиот премиер. Тој рече дека со Ковачевски се познаваат две недели, и сето она што е договорено било исполнето. Петков додаде дека „од нас зависи и ние ќе направиме се за да постигнеме добрососедство. Наведениот став го потврдивме и во разговорите“. Според Петков, со проширувањето на односите - воведувањето пат, авион, железница до Скопје, одеднаш сите се поподготвени да разговараат за целата рамка на добрососедство. Петков најави дека утре, по положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија со вршителот на должноста амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, Владимир Крастевски, заедно со претседателот Румен Радев во 17.30 часот во Благоевград ќе одадат почит на споменот на Гоце Делчев. На излегување од БНТ, премиерот Кирил Петков најави дека бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска ќе го посети Скопје и ќе одаде почит на раѓањето на Гоце Делчев. Тоа ќе го направи заедно со македонската министерка за култура. нк/вг/

Остани поврзан