• петок, 20 декември 2024

Петкова: Одговорност од Тренчевска и директорката на детската градинка од Гевгелија за обидот да го прикријат насилството врз десетмесечно бебе

Петкова: Одговорност од Тренчевска и директорката на детската градинка од Гевгелија за обидот да го прикријат насилството врз десетмесечно бебе
Скопје, 25 ноември 2022 

Министерството за труд и социјална политика на Тренчовска и градинката во Гевгелија првин со молк и обид за прикривање брутално насилство врз 10 месечно бебе, а сега со наводни комисии го релативизираат случајот и купуваат на време. Се со цел да нема политичка одговорност.

По неколку дена криење институциите признаа дека се случил инцидентот и го признаа бруталното насилство.

Проблемот е затоа што и Министерството за труд и социјална политика и од градинката се обидоа да го сокријат настанот.

Десетмесечното бебе со тешки телесни повреди и хематом на главата, поради повреда завршило во болница, а од градинката во Гевгелија наместо оставки имаме соопштенија потценувачки за јавноста со релативизирање дека се работело за детска игра.

А, од Министерството за труд и социјална политика наместо разрешување на директорката поставена од самата Тренчовска одговараат дека ќе формираат комисија. Секогаш кога функционерите на Социјалдемократскиот сојуз формираат комисии, тие завршуваат како комисиите на Филипче за десетиците КОВИД пропусти, изгорената болница во Тетово, случајот со Јилдиз, и многу други, кои не видоа разрешница.

Случајот е јасен. Имаме брутално насилство врз 10 месечно бебе и единствено што треба да го направи власта е следното:

· Одговорните за инцидентот да бидат суспендирани од работа;

· Директорката Елизабета Стоименова да се разреши, да се поднесат соодветни пријави против вработените;

·  Оставка од министерката Тренчовска и одговорност за криењето на настанот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Ангелина Петкова, пратеник ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан