• вторник, 24 декември 2024

Петгодишно девојче починало на Детска клиника од воспаление на мозок

Петгодишно девојче починало на Детска клиника од воспаление на мозок

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Петгодишно девојче починало од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести, потврди за МИА директорот на клиниката, Реџеп Мемеди.

-Лежеше на интензивна, беше тежок менинго-енцефалит, пред два дена почина, изјави директотот.

Според информациите што ги објавија медиумите, девојчето на Детската клиника било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка. Најпрвин било лекувано на Одделот за неврологија, но минатата недела состојба му се влошила и го префрлиле на одделот за интензивна нега. Таму на девојчето му била направена и интубација, но, и покрај сите напори на медицинскиот кадар, не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит и пред два починало.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат информирале дека ќе извршат вонреден инспекциски надзор.

Ова е трет смртен случај на Клиниката за детски болести во изминатиот месец. За 14 месечното девојче од Грчец сè уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица, ДСЗИ не констатираше пропусти во лекувањето. ар/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан