• понеделник, 18 ноември 2024

Петар Превц помина со полесен потрес на мозокот при пад на тренинг на Планица

Петар Превц помина со полесен потрес на мозокот при пад на тренинг на Планица

Планица, 1 март 2023 (МИА) – Еден од најдобрите словенечки ски-скокачи, Петр Превц се здоби со мали повреди и потрес на мозокот при пад на денешниот тренинг во рамките на Светското првенство во нордиски дисциплини.

- Само се надеваме дека се ќе биде во ред со него и дека ќе се врати уште посилен“, изјави словенечкиот селектор Роберт Хргота по страшниот пад на Превц.

Како што соопштија од Словенечкиот скијачки сојуз, најуспешниот словенечки скокач на сите времиња по укажаната медицинска помош во Планица со хеликоптер бил пренесен во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, каде лекарите извршиле дополнителни тестови.

- За среќа, тој претрпе само болни удари и благ потрес на мозокот. Како резултат на тоа, тој ќе остане под опсервација. Повеќе информации следуваат утре, информираат од ССС. зс/

Фото: Фејсбук РТВ СЛО

Остани поврзан