• вторник, 24 декември 2024

Петар Маниќ награден на Филмскиот фестивал во Севиља за улогата во филмот „Стела“

Петар Маниќ награден на Филмскиот фестивал во Севиља за улогата во филмот „Стела“
Скопје, 1 март 2022 (МИА) - Младиот актер Петар Маниќ ја освои наградата за најдобар млад актер на филмскиот фестивал „Sevilla Indie Film Festival“ - SEVIFF во Шпанија. Наградата се доделува за неговиот уникатен актерски пристап за улогата на Никола, во првиот македонски филм за деца „Стела”, во режија на Стојан Вујичиќ, продуциран од „Дрим Фектори“. Стојан Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни фил-мови и телевизиски проекти. Како што соопштија од „Дрим Фектори“, оваа награда е петта награда по ред која што ја освојува филмот „Стела“, со што се потврдува уште еднаш квалитетот на филмот, а воедно и успехот на Македонската кинематографија во целост. Во реализацијата на овој прв и единствен македонски долгометражен филм за деца е вклучена и меѓународна екипа. Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела. За првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит Парада. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна. Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција помеѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ (продуцент: Огнен Антов), српската продукција „Акција Продукција“ (продуцент: Јована Караулиќ) и германската „Моуна“ (продуцент: Никол Акер-ман). Филмот „Стела“ беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од „Агенцијата за Филм на Република С.Македонија“, „Филмскиот центар на Србија“ и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија, а спонзор на филмот е и Витаминка. -„Стела“ е приказна за едно куче, шарпланинка, едно дете и еден дедо. Звучи идилчично, но не е. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие заради булинг во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори, се наведува во соопштението на „Дрим Фектори“. бт/сп/

Остани поврзан