• среда, 27 ноември 2024

ПЕС следните денови ќе се изјасни за новата влада на Црна Гора

ПЕС следните денови ќе се изјасни за новата влада на Црна Гора

Подгорица, 12 јуни 2023 (МИА) – Движењето Европа сега (ПЕС) најави дека следните денови ќе одржи внатрепартиски консултации и ќе излезе со јасен став за формирање на нова 44 Влада на Црна Гора.

ПЕС на вчерашните вонредни парламентарни избори освои 25,6 отсто од гласовите односно 24 пратенички места.

- Ја претставувавме програма и визија која пред сè е поврзана со подобрување на животниот стандард на граѓаните на Црна Гора. За неполна година од формирањето, нашето Движење од вонпарламентарна партија стана најсилна политичка партија во државата, а во меѓувреме од нашите редови добивме претседател на државата, градоначалник на Подгорица и градоначалник на Даниловград, се наведува во соопштението од ПЕС. ми/

фото: партиско лого

Остани поврзан