• петок, 27 декември 2024

Песочна бура на Канарските Острови, нарушен авионскиот сообраќај

Песочна бура на Канарските Острови, нарушен авионскиот сообраќај
Мадрид, 24 февруари 2020 (МИА) - Голема песочна бура од Сахара ги погоди шпанските Канарски Острови, поради што е нарушен авионскиот сообраќај на таа популарна туристичка дестинација. Шпанскиот оператор на аеродромот „Аена“ вчера, поради слаба видливост, ги откажа или ги пренасочи сите летови за и од Канарските Острови. Во текот на ноќта сообраќајот е нормализиран на сите аеродроми, освен во јужниот дел на Тенерифе. Ветерот беше пречка и за траектниот сообраќај, јави Би-би-си. Регионалната Влада во саботата прогласи вонредна состојба, а на жителите им беше советувано да останат во домовите, да затворат прозорци и да избегнуваат патувања. Шпанската национална метеоролошка служба соопшти дека ветер со јачина од 120 километри на час на Канарските Острови може да се очекува и денеска. паг/

Остани поврзан