• четврток, 26 декември 2024

Песни од гевгеличанецот Стефан Марковски вклучени во антологиски избор на шпански јазик

Песни од гевгеличанецот Стефан Марковски вклучени во антологиски избор на шпански јазик
Гевгелија, 19 октомври 2021 (МИА) - Поезија од гевгеличанецот Стефан Марковски е вклучена во антологискиот избор на шпански јазик „Премин на поетските гласови“, во е-издание на мексиканскиот книжевен портал Revista Primera Pagina. Во антологијата од меѓународен карактер била застапена поезија од поетски имиња, кои припаѓаат на генерации родени меѓу 1955 и 1994 година од петнаесетина земји од светот. Гевгелискиот поет Марковски посочи дека во предговорот на антологикиот избор се вели оти тематските определби на песните почивале врз различни емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите и на поезијата како импулс на бунтот во воените контексти. Препевите на застапените песни ги направила поетесата Мариела Кордеро од Венецуела.им/бт/

Остани поврзан