• среда, 25 декември 2024

Песков: Членството на Украина во НАТО е непосредна закана за Русија

Песков: Членството на Украина во НАТО е непосредна закана за Русија
Москва, 5 септември 2021 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека упорната желба на Украина да се придружи на НАТО и на САД е непосредна закана за Русија. Тој во интервју за телевизискиот канал Русија 1 истакна дека тое е „потенцијално проширување на воената инфраструктура на НАТО доруската граница“. Песков истакна дека на Москва не и се допаѓа исходот од средбата помеѓу украинскиот и американскиот претседател Володимир Зеленски и Џо Бајден, бидејќи е продолжување на проектот Украина да стане анти-Русија. ми/

Остани поврзан