• среда, 25 декември 2024

Песков: Русија ќе ги повлече своите трупи од границата со Белорусија

Песков: Русија ќе ги повлече своите трупи од границата со Белорусија
Москва, 14 септември 2020 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко денеска во Сочи се договориле Русија да ги повлече своите трупи долж границата со Белорусија, соопшти Кремљ. -Важен резултат од разговорите меѓу двајцата претседатели во Сочи е договорот со кој се отстрануваат резервните трупи на безбедносните сили и Националната гарда, кои беа распоредени во близина на руско-белоруската граница, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тасс вечерва објави дека Песков изјави дека припадниците на единиците кои биле распоредени во близина на границата со Белорусија ќе се вратат во своите матични бази. Песков, според Тасс, исто така, кажал дека во разговорот меѓу Путин и Лукашенко не се спомнало за воспоставување руска воена база во Белорусија, што било навестено од одредени медиуми. сд/

Остани поврзан