• среда, 25 декември 2024

Песков: Русија никогаш никому не се мешала во изборен процес

Песков: Русија никогаш никому не се мешала во изборен процес
Москва, 21 јули 2020 (МИА) - Русија никогаш не се мешала во предизборни кампањи на други земји и нема да толерира странско мешање во своите внатрешни работи, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи го извештајот на Разузнавачкиот и безбедносен комитет на британскиот Парламент. - Русија никогаш не се мешала во изборниот процес во САД, Велика Британија или која било друга држава, истакна Песков. - Дури и ако овој извештај содржи некои неосновани обвиненија, се обложувам дека дури и ако постојат обвинувања, за нив нема да има основа, тие ќе бидат неосновани, заклучи Песков. Русија се вмешала во референдумот во Шкотска во 2014 година, а британската Влада пропушти да побара темелна истрага за евентуална директна вмешаност на Кремљ во гласањето за Брегзит, соопшти Комисијата за безбедност и разузнавачки работи при британскиот Парламент. гт/

Остани поврзан