• среда, 25 декември 2024

Песков: Русија го осудува убиството на лидерот на Хезболах и нападите врз Либан

Песков: Русија го осудува убиството на лидерот на Хезболах и нападите врз Либан

Москва, 30 септември 2024 (МИА) - Русија го осудува убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насрула и израелските напади врз Либан и верува дека тоа доведе до значителна дестабилизација на регионот на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Руската страна ги осудува ваквите акции. Сметаме дека тие доведоа до значително дестабилизација на ситуацијата во регионот, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање, пренесуваат руските медиуми.

Песков изјави дека неселективното бомбардирање на станбени области во Либан доведува до огромен број жртви, што ќе резултира со хуманитарна катастрофа каква што гледаме во Газа.

 Од минатата недела израелските воздухопловни сили изведуваат масовни напади врз цели на Хезболах во Либан.

Израелски авиони извршија и неколку наменски воздушни напади врз Бејрут, а во еден од нив  беше убиен лидерот на Хезболах.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан