• сабота, 16 ноември 2024

Песков: Предлогот на Путин не е ултиматум туку мировна иницијатива

Песков: Предлогот на Путин не е ултиматум туку мировна иницијатива

Москва, 14 јуни 2024 (МИА) - Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за почеток на мировни преговори со Украина не е ултиматум, туку мировна иницијатива, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските медиуми.

-Ова секако е недоразбирање, јасно е дека ова е мировна иницијатива, рече тој откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече предлогот на Путин „ултиматум“.

Песков изјави дека иницијативата на Путин зборува за натамошна дискусија за безбедносните гаранции и дека тоа е „сеопфатен, многу длабок и конструктивен предлог“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека условите што ги постави рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната се „ултиматум“ на кој не може да му се верува.

Путин претходно денеска изјави дека Русија ќе влезе во мировни преговори доколку Украина ги повлече своите трупи од целата територија на новите руски региони и се откаже од намерата да се приклучи на НАТО. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан