• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Песков: Потребно е да се помине долг пат за да се врати довербата во Америка

Песков: Потребно е да се помине долг пат за да се врати довербата во Америка

Москва, 25 февруари 2025 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија верува во себе, а да се зборува за доверба во Соединетите Американски Држави „мора да се помине долг пат“.

„Треба да развиеме мерки за враќање и зајакнување на меѓусебната доверба“, изјави Песков.

Тој истакна дека американските лидери покажале политичка волја да го обноват дијалогот со Русија, кој беше сведен „практично на нула“ за време на претходната администрација.

„Преземени се мерки за нормализирање на дијалогот, пред сè, нормализација на работата на нашите дипломатски ресори на реципрочна основа“, рече Песков.

На новинарско прашање за наводните планови за распоредување мировни сили во Украина, тој посочи дека разговорите за можни заеднички проекти меѓу САД и Русија и економската соработка меѓу двете земји ќе дојдат на ред откако ќе се реши ситуацијата во Украина.

„Ќе има време да се разгледаат можните проекти за трговска, економска и инвестициска соработка. Постојат многу широки изгледи за ова“, рече Песков. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан