• недела, 24 ноември 2024

Песков: Нападот со дронови врз Москва е знак на украинскиот очај

Песков: Нападот со дронови врз Москва е знак на украинскиот очај

Москва, 31 јули 2023 (МИА) - Кремљ оцени дека вчерашните напади со дронови врз Москва е украински „чин на очај“ бидејќи контраофанзивата на Киев пропаѓа.

-Очигледно е дека контраофанзивата не беше успешна, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, опишувајќи ја ситуацијата како „многу тешка“ за украинските сили, за кои вели дека „немаат никаков успех“.

„И како чин на очај, режимот во Киев прибегнува кон такви терористички напади“, нагласи тој.

Песков изјави дека „се преземаат сите можни мерки за одбрана на локациите на цивилната инфраструктура“.

Русија вчера соопшти дека одбила напад со украински беспилотни летала врз Москва, каде биле оштетени фасадите на две канцелариски кули во деловниот кварт „Москва Сити“, а искршени се неколку прозорци.

На почетокот на јуни Украина ја почна својата долго најавувана контраофанзива, на која, меѓутоа, и се спротивставува цврсто вградената руска одбрана и чии резултати досега се скромни. сд/

Остани поврзан