• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Песков: Москва и Вашингтон вложуваат значителни напори за нормализирање на односите

Песков: Москва и Вашингтон вложуваат значителни напори за нормализирање на односите

Москва, 8 април 2025 (МИА) - Москва и Вашингтон вложуваат значителни напори за нормализирање на односите, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој оцени дека во овој момент е тешко да се замисли почеток на преговорите за новиот Договор за стратешко офанзивно вооружување (СТАРТ), но, како што наведе, Москва и Вашингтон работат на можноста за таков дијалог во иднина.

„Во овој момент е многу тешко да се замисли почетокот на таквите преговори, бидејќи самиот факт на преговарање за прашања од стратешка безбедност, контрола на вооружувањето, подразбира одредено ниво на билатерални односи, одредено ниво на меѓусебна доверба. Тоа е нешто што треба да се врати со присуство на соодветна политичка волја на двајцата претседатели, додаде Песков. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан