• понеделник, 13 јануари 2025

Песков: Многу земји би сакале да бидат платформа за средбата Путин-Трамп, рано е да се зборува за тоа

Песков: Многу земји би сакале да бидат платформа за средбата Путин-Трамп, рано е да се зборува за тоа

Москва, 13 јануари 2025 (МИА) - Многу земји изразуваат подготвеност да бидат платформа за потенцијални преговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но прерано е да се зборува за тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека се уште нема суштински подготовки за средбата Путин-Трамп, но додаде дека постои политичка волја за тоа.

-Ваквите контакти се многу неопходни и препорачливи, нагласи Песков, пренесоа руските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан