Песков: ЕУ на секој начин ја покажува својата намера да продолжи да ja поддржува Украина во нејзината желба да ја продолжи војната
- Европските земји на сите начини ја покажуваат својата намера да ја поддржат Украина во нејзината желба да ја продолжи војната, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Москва, 15 април 2025 (МИА) - Европските земји на сите начини ја покажуваат својата намера да ја поддржат Украина во нејзината желба да ја продолжи војната, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„И Европа на секој начин ги изјавува своите намери да продолжи да ги поддржува Украина и режимот во Киев во неговата желба да ја продолжи војната. Исто така многу е важно да бидеме свесни за тоа во оваа ситуација“, изјави Песков на новинарите.
Тој посочи дека се уште нема јасни контури за договор за решавање на конфликтот во Украина, но постои политичка волја да се тргне во таа насока. рп/
Фото: МИА архива