• четврток, 26 декември 2024

Песков го потврди утрешниот разговор меѓу Ердоган и Путин

Песков го потврди утрешниот разговор меѓу Ердоган и Путин
Москва, 25 април 2022 (МИА) – Лидерите на Руската Федерација и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган утре телефонски ќе разговараат, потврди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. - Да, има такви планови, изјави Песков за руските медиуми. Турскиот претседател пред неколку дена изјави дека планира да ги повика рускиот и украинскиот претседател и да разговара за одржување мировни преговори на лидерско ниво во Турција. јт/

Остани поврзан