• вторник, 24 декември 2024

Перуанскиот премиер поднесе оставка по аудио снимка

Перуанскиот премиер поднесе оставка по аудио снимка

Лима, 6 март 2024 (МИА) - Перуанскиот премиер Алберто Отарола (57) поднесе оставка поради обвинувањата дека се обидел да го искористи своето влијание за да и помогне на една жена да добие профитабилни владини договори.

Скандалот избувна минатата недела кога една перуанска телевизија емитуваше аудио снимки од разговор меѓу двајцата.

Како што се наведува, жената со која разговарал Отарола е Џазире Пинедо (25), која, како што јави Би-Би-Си, наводно добила два договори за работа во Министерството за одбрана во 2023 година, од кои заработила 14 илјади долари.

Минатата недела, една перуанска телевизија емитуваше аудио снимки од разговорот меѓу Отарола и Пинеда, во кој претседателот искажува љубов кон неа и бара од неа да му ја испрати својата биографија, јавува Би-Би-Си.

Отарола рече дека се сретнал со Јазире Пинедо само еднаш, но таа во вторникот за Перу Канал Н изјави дека била во кратка врска со него.
И двајцата тврдат дека аудио снимките од разговорот се случиле во 2021 година, пред Отарола да стане министер во кабинетот, но претседателот Дина Болуарте побарал негово враќање од Канада, по што тој поднесе оставка.

-Оние кои отсекогаш сакаа да ја напуштам владата, дури и не се двоумеа да уредат аудио снимка со задни намери да го нарушат мојот углед, рече Отарола во својот говор по оставката.

Според перуанскиот закон, сите 18 членови на кабинетот на Перу мора да го следат Отарола и да поднесат оставка, но претседателот може повторно да ги избере. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан