• недела, 24 ноември 2024

Перишиќ: Се надевам дека против Шкотска ќе видиме сосема поинаква Хрватска

Перишиќ: Се надевам дека против Шкотска ќе видиме сосема поинаква Хрватска
Глазгов, 22 јуни 2021 (МИА) - Хрватскиот играч за врска Иван Перишиќ раскажа што очекува од натпреварот од последното коло во групната фаза на ЕВРО 2020 со Шкотска. - Се надеваме дека ќе видиме друг хрватски тим. Шкотска ќе биде многу мотивирана, очекувам добар натпревар, се надевам дека ќе оствариме победа и ќе продолжиме понатаму, изјави Перишиќ за официјалната веб-страница на УЕФА. Натпреварот Хрватска - Шкотска ќе се одигра вечер од 21 часот во Глазгов. Во исто време, во Лондон, Англија се среќава со Чешка. Табела по две кола во Д-група: Чешка 4 бода, Англија 4, Хрватска 1, Шкотска 1. зс/

Остани поврзан