• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Перински во посета на Општина Чаир во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“

Перински во посета на Општина Чаир во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“

Скопје, 24 февруари 2025 (МИА) - Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ја посетија скопската Општина Чаир, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“.

Актуелниот процес за измени на Законот за локална самоуправа, децентрализацијата, како и можностите за надминување на одредени проблеми со кои се соочува општината поради игнорантскиот однос на Град Скопје и за евентуалните измени на Законот за Град Скопје, разговараа на денешната средба Перински со Ганиу и членовите на општинскиот Совет. 

Перински во изјава за медиумите нагласи дека трите постулати врз кои се заснова Законот за локална самоуправа се референдумскиот повик на одреден градоначалник, воведување на комуналниот редар и поголема вклученост на граѓаните во носењето и креирањето на локалните политики.

-Ја завршивме втората консултативна фаза која предвиде четири јавни дебати и отворено разговаравме за сите слабости кои што ги има постојното законско решение. Главните постулати врз кои се отвора Законот за локална самоуправа се референдумскиот повик на градоначалник коешто би требало да го подигне нивото на транспарентност и отчетност на градоначалникот, со цел да превенираме вакви девијантни појави кои ни се случуваат во Градот Скопје и во две локални самоуправи. Потоа, ни е воведување на комуналниот редар, процес кој што паралелно го работиме со измените и дополнувањата на Законот за комунални дејности и Законот за јавна чистота, кој е под ингеренции на Министерството за транспорт. Третиот постулат е поголема вклученост и инкорпорираност и поголема вклученост на граѓаните во носењето и креирањето на локалните политики. Секако дека станува збор за Закон кој е здрав, поставен е на здрава основа, почива врз основа на европската Повелба за локална самоуправа, но нормално поминати се повеќе од 20 години од неговата примена и би требало да се модернизира и доработи, рече тој.

Министерот Перински истакна дека Општина Чаир е една од важните симболи на мултиетничката и мултикултурната традиција во Скопје, а истовремено специфична и по други околности.

-Општина Чаир брои 63.000 жители, а се простира на само 3,5 квадратни километри, што значи многу жители на мала територија, што само по себе е предизвик да се испочитуваат потребите на граѓаните во целост. Ние како Министерство и како Влада, продолжуваме да работиме заедно со општините на создавање услови за подобар живот за сите наши граѓани, без разлика на нивната етничка или верска припадност. Најважно од се е да ги решаваме предизвиците кои ги наметнува урбаното живеење, да ги слушнеме потребите на граѓаните и да инвестираме за да се надминат сите предизвици. Од првиот јавен повик Општина Чаир доби близу 170 милиони денари. Сега разговаравме дека спремат околу 25 проекти кои ќе придонесат за поквалитетни услови за живот на сите граѓани на оваа територија. Од градот Скпје и секако е карактеристично по мултиетничноста и практичен пример за еден соживот во којшто граѓаните можат да живеат подеднакво и да се разберат и да функцонираат во едни нормални услови, потенцира тој.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот на Општина Чаир Ганиу ќе ги чекаат анкетите кои ги спроведуваат нивните матични политички партии за да видат дали ќе ги канд

Министерот нагласи дека најголемиот проблем во моментот кој што Градот Скопје го прави за општините кои се на територијата во рамки на Градот е опструкцијата на секое ниво.

-И во суштина тие средства што се влеваат во касата на Градот Скопје, а потекнуваат од страна на локалните самоуправи на територија на Градот во иднина несразмерно се инвестираат. Ние мора да најдеме механизам, мора да најдеме некоја формула која од одредена сума, одредена количина на средства кои од локалните самоуправи влегуваат во Градот Скопје, одреден процент од нив треба да се враќаат во истите локални самоуправи за да им се даде комодитет на градоначалниците самостојно да инвестираат во што е можно повеќе инфраструктурни проекти. За жал, комуникацијата со Градот Скопје и на градоначалниците и на претставниците на централна власт не можам да кажам дека е отежнато, туку ќе бидам најдиректен – не постои и тоа заради една страна а тоа е Градот Скопје. После ноември многу работи ќе се подобрат на подобро и комуникацијата пред се со сите градоначалници на општините во рамки на Градот Скопје мора да биде на дневна основа за да се надминуваат сите предизвици и препреки, рече тој.

Ганиу информира дека Општина Чаир инкасирала 2,8 милиони евра каде што ќе се инвестираат во капитални инвестиции. Потенцираат дека имаат и над 25 проекти за кои што ќе аплицираат на новиот повик за 2025 година за приближно 9 милиони евра.

Чаирскиот градоначалник потенцира дека почнувањето на реализација на неколку инфраструктуни проекти во оваа општина не се предизборна кампања за локалните избори, туку, како што рече, се работни дејствија.

-Јас можам да аргументирам дека не е така, бидејќи од јавниот повик што беа средствата веќе се ставени во употреба. Имавме јавна набавка, значи оператори што треба да ги завршуваат се веќе избрани и веќе сме почнале на неколку улици работиме. И тоа покажува дека не е предизборно, туку директно делуваме и сме во текот на работните дејствија, рече Ганиу. фф/ац/

Фото: МИА/ Министерство за локална самоуправа

Остани поврзан