• четврток, 26 декември 2024

Переира го наследи Аморим на клупата на Спортинг

Переира го наследи Аморим на клупата на Спортинг

 

Лисабон, 11 ноември 2024 (МИА) – Португалецот Жоао Переира денеска е назначен за нов тренер на португалскиот фудбалски прволигаш Спортинг, каде досега го предводеше резервниот тим, соопшти клубот од Лисабон.

Переира (40) потпиша договор до 2027 година и седнува на клупата на актуелниот португалски шампион на местото на Рубен Аморим, кој неодамна беше назначен за нов тренер на Манчестер Јунајтед.

Аморим во неделата последен пат го предводеше Спортинг од клупата, во триумфот над Брага со 4-2.

Минатиот вторник лисабонскиот клуб славеше на домашен терен во Лигата на шампионите против Манчестер Сити (4-1). ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан