Пепе го продолжи договорот со Порто
- Четириесетгодишниот Пепе потпиша договор со важност до 2024 година.
Порто, 24 април 2023 (МИА) – Четириесетгодишниот Пепе потпиша договор со важност до 2024 година.
Фудбалерот ја започна својата кариера во Порто во 2004 година, а во Реал Мадрид се пресели во 2007 година. Дефанзивецот се врати во португалскиот тим во 2019 година.
- Многу сум нервозен бидејќи ова е договор кој многу ми значи. Тоа значи дека многумина може да се сомневаат во моите способности, со оглед на тоа што имам 40 години, но јас како играч и човек обично кажувам дека сум многу искрен, многу му должам на Порто и не сакав да го измамам претседателот, луѓето од клубот, мојот тренер и моите соиграчи. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот што секој ден ме прават подобар човек како играч, како личност, па дури и како татко. Само оние кои биле тука ги знаат вредностите што претседателот ги пренесува на другите вработени, бидејќи и јас се сметам себеси за вработен во клубот. Ова е човек кој се бори за овие бои, за овој регион, и каде и да сум ќе го почитувам овој клуб. Имам неколку освоени титули со овој клуб, сите тие се посебни затоа што го сакам овој клуб и градот и се надевам дека ќе можам да придонесам оваа сезона со мојата работа, па ако даде Господ да продолжиме со нашиот победнички бран, рече Пепе.
Како дел од Порто, четири пати стана шампион на Португалија, двапати го освои Купот на земјата, еднаш Суперкупот. зс/
Фото: ЕПА