• вторник, 24 декември 2024

Пентагон се подготвува за првичната вакцинација против Ковид-19

Пентагон се подготвува за првичната вакцинација против Ковид-19
Вашингтон, 9 декември 2020 (МИА) - Пентагон ќе ја спроведе првичната вакцинација против коронавирусот на 16 локации во САД и во странство, со приоритет на здравствените работници и корисниците на домови за пензионирани воени лица. Следните залихи на вакцини ќе бидат достапни за воениот персонал кој извршува задачи од клучно национално значење, како што се тимовите одговорни за нуклеарното оружје и кибер безбедноста, но исто така и во одредени воени единици кои се подготвуваат за распоредување. Вакцинацијата ќе биде на доброволна основа, бидејќи вакцината на „Фајзер“ првично е наменета за итна употреба, но подоцна може да стане задолжителна доколку Агенцијата за храна и лекови издаде целосно одобрување за употреба, соопштија официјални претставници. Неколку највисоки службеници на Министерството за одбрана ќе бидат меѓу првите кои ќе ја примат вакцината, како што се вршителот на должноста министер Кристофер Милер и генералот Марк Мајли, командант на Генералштабот на САД. Некои од нив ќе ги примаат вакцините во јавност за да ја покажат довербата на Пентагон во безбедноста на вакцината. Пентагон првично ќе добие нешто помалку од 44.000 дози на вакцина, а времето на започнување на вакцинацијата зависи од тоа кога Агенцијата за храна и лекови ќе одобри дистрибуција и употреба на вакцината на „Фајзер“. паг/

Остани поврзан