• недела, 06 октомври 2024

Пентагон: Руските сили потиснати на 55 километри од центарот на Киев

Пентагон: Руските сили потиснати на 55 километри од центарот на Киев
Вашингтон, 23 март 2022 (МИА) - Украинската армија ги потиснаа руските сили и сега линијата на фронтот е на околу 55 километри источно од центарот на Киев, изјави висок американски претставник на брифинг во Пентагон. Тој додаде дека тоа е зголемување од 25 до 35 километри во споредба со вчерашната линија на фронтот. Според него северозападно од центарот на Киев, руските сили „заземаат одбранбени позиции“. Тие остануваат на 15 до 20 километри од центарот на Киев на северозапад. Тој посочи дека руските сили се поактивни во регионот на Донбас, источна Украина. ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан