• недела, 01 септември 2024

Пентагон не е сигурен дали рускиот конвој кај Киев „сè уште постои“

Пентагон не е сигурен дали рускиот конвој кај Киев „сè уште постои“
Вашингтон, 31 март 2022 (МИА) – Пентагон денеска соопшти дека не знае дали рускиот конвој со воени возила што се приближува кон Киев, кој се протегаше на околу 65 километри, „сè уште постои во овој момент“. - Помина долго време. Тие всушност никогаш не ја исполнија својата мисија, рече портпаролот Џон Кирби. Како што јави Би-Би-Си, Кирби рекол дека „закочениот конвој никогаш не бил повторно снабден и правел мал напор да напредува кон главниот град дури и пред Москва да ги објави своите планови за репозиционирање на војниците“. - Ние не мислиме дека тие правилно ја планираа логистиката и одржување на силата со таква големина на терен во борбени услови, рече Кирби. јт/

Остани поврзан