• вторник, 24 декември 2024

Пентагон забрани истакнување на знамето на Конфедерацијата

Пентагон забрани истакнување на знамето на Конфедерацијата
Вашингтон, 17 јули 2020 (МИА) -   Знамето на Конфедерацијата не може повеќе да се истакнува во простории на американската армија, откако Пентагон објави нови правила со кои се забрануваат „симболи на поделба“, јави Би-Би-Си. Министерот за одбрана Марк Еспер не го наведе експлицитно споменувањето на знамето во испратеното писмо, но нагласува дека забранува знамиња кои симболизираат поделби. Конфедерацијата беше составена од јужни држави што се бореа против укинувањето на ропството во американската граѓанска војна. Неодамнешните анти-расни протести ги обновија повиците за забрана за знамиња на Конфедерацијата низ САД. Тој додава во дописот дека главното американско знаме е „Stars and Stripes“ и дека армијата е охрабрена да го истакнува. Другите знамиња „мора да бидат во согласност со воените императиви на редот и дисциплината, да ги третираат сите наши луѓе со достоинство и со почит и да ги отфрлат симболите на поделба“. Писмото содржи список на прифатливи знамиња, вклучувајќи ги и оние што припаѓаат на сојузните држави и територии, воени единици, сојузници на САД, партнери и организации како што е НАТО. Морнарицата и маринците веќе забранија истакнување на знамето на Конфедерацијата. зш/

Остани поврзан