• недела, 22 декември 2024

Пентагон: Гледаме јасни докази дека руските сили вршат воени злосторства

Пентагон: Гледаме јасни докази дека руските сили вршат воени злосторства
Вашингтон, 21 март 2022 (МИА) - Американското Министерство за одбрана ја обвини Русија за воени злосторства во Украина. - Гледаме јасни докази дека руските сили извршуваат воени злосторства. Помагаме во собирање на докази за тоа, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. Вкупно 38 земји побараа од Меѓународниот кривичен суд истрага за воените злосторства извршени во Украина за време на руската агресија. Кирби претходно најави и САД разговараат со други држави за да и обезбедат на Украина „видови одбранбени системи кои вклучуваат воздушна одбрана со долг дострел“. - Ова се активни консултации, посочи Кирби. ми/

Остани поврзан