• четврток, 19 декември 2024

Пентагон: Американски брод во Црвеното Море собори дрон лансиран од територијата на Јемен

Пентагон: Американски брод во Црвеното Море собори дрон лансиран од територијата на Јемен

Вашингтон, 30 ноември 2023 (МИА) - Американски воен брод во јужниот дел на Црвеното Море собори дрон лансиран од територијата на Јемен, соопшти американската војска рано утринава.

Американски разурнувач го собори КАС04, беспилотно летало од иранско производство, лансиран од област на Јемен контролирана од проиранските бунтовници Хути, соопшти командата на американската војска за Блискиот Исток.

Авионот беше соборен околу 11 часот по локално време.

Воената морнарица соопшти дека нема повредени и дека не е причинета материјална штета.

Јеменските бунтовници блиски до Иран во последните недели тврдат дека извршиле неколку напади со беспилотни летала врз Израел како одговор на израелското бомбардирање на Појасот Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан