• четврток, 26 декември 2024

Пенс го игнорира Трамп

Пенс го игнорира Трамп
Вашингтон, 6 јануари 2021 (МИА) - Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, ќе остане на своите церемонијални должности и нема да го блокира Конгресот да ја потврди победата на Џо Бајден и покрај притисокот од Доналд Трамп, објавија западните медиуми повикувајќи се на извори од администрацијата на Трамп. Според медиумите, Пенс, кој покажа голема лојалност кон Трамп за време на неговото четиригодишно претседателство, не планира да интервенира. Тој го известил на американскиот претседател дека нема моќ да го стори тоа, иако ги поддржува аспирациите на Трамп. Пенс денеска ќе претседава со заедничката седница на Конгресот, на која ќе се добијат резултатите од Изборниот колеџ, со кои се потврдува победата на Џо Бајден на претседателските избори на 3 ноември. Демократот го победи Трамп со 306 наспроти 232 електорски гласови во Изборниот колеџ и со повеќе од седум милиони гласови на народните гласови. Трамп одбива да го признае поразот. ми/

Тагови

Остани поврзан