• четврток, 26 декември 2024

Пенов: Сите општини да ги почитуваат препораките за штедење струја

Пенов: Сите општини да ги почитуваат препораките за штедење струја
Скопје, 16 ноември 2022 (МИА) –  Општина Карпош е позитивен пример за почитување на препораките на Владата во однос на штедењето на електричната енергија, има потребна од решавање на проблемот со паркирањето, беше истакнато при денешната посета на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на Општина Карпош. На средбата на министерот со градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е констатирано дека Општина Карпош има потреба од решавање проблеми во делот со јавниот паркинг и урбанизмот. -Денеска дојдовме во рамки на нашата акција за посета на општините за лоцирање и решавање на проблемите во општините ја избравме денеска општината како успешна. Добивме насоки и барања од општината во делот на урбанизмот, на јавното паркирање и ќе се обидеме како да најдеме начин како тоа да го решиме. Наша идеја на овие посети е јас како преставник на Владата во интерес на граѓаните да ги решиме проблемите кои постојат и подготвени сме заеднички некои проблеми кои се во интерес на граѓаните и се разбира со финансиски можности да ги решиме, изјави Пенов.   Според него, Карпош е позитивен пример во однос на почитувањето на препораките на Владата за штедење на електрична енергија, а тој пример треба да го следат останатите општини кои не се придржуваат доволно до препораките. -Исто така, треба да ја пофалиме општина Карпош која во директивите кои ги дава Владата за штедење енергија заштедата на оваа општина е речиси 50 проценти што е еден успешен прилог во напорите на Владата да обезбеди енергија, во напорите за штедење, бидејќи скапо ја плаќаме енергијата. Преку вакво истакнување на овие позитивни примери да ги поттикнеме сите општини како треба да се однесуваме, секако некој нема да  ги почитува и ќе плаќа повисоки средства од буџетот, граѓаните ќе имаат помалку реализирани проекти. Засега не можеме да зборуваме за санкции за оние кои не ги почитуваат препораките, но ќе разговараме, ќе се трудиме, ќе настојуваме тоа да го доведеме до пристојни рамки,  рече министерот Пенов. Градоначалникот  Јакимовски додаде дека на средбата  било разговарано за можни проекти во насока на заштеда на електрична енергија. -Разговаравме за енергетската криза и можностите евентуално за поддршка од страна на Владата за проекти кои ги имаме во насока на заштеда на енергија за заштеда на електиричната енергија на улиците, во училиштата и градинките. Разговаравме за проблемите со кои се соочуваме при обидите за инвестирање како на домашни, така на странски инвеститори во земјава и проблемите во делот на урабанизмот, рече Јакимовски. Истакна дека при разговорот посебен фокус ставиле на проблемите со паркирањето и комплицираните процедури за воведување зонско или друг вид паркирање. -Разговаравме и за она сериозно прашање кое го тишти цело Скопје, а тоа е проблемот со паркирањето и комплицираните процедури на воведување на зонско паркирање или друг начин на паркирање кој ќе го подобри квалитетот на живеење на граѓаните во општината и констатиравме дека во одредени делови и тоа како ни се потребни законски измени и тоа како ни е потребна консултација помеѓу владините претставници и локалната самоуправа, оцени Јакимовски. Одговарајќи на новинарско прашање министерот Пенов исто така, информира дека е во комуникација со градоначалничката на Град Скопје и претседавачот на советот на Град Скопје околу последните случувања во советот, потенцирајќи дека е отворен за придонес во решавањето на проблемите.свс/лв/

Остани поврзан