• среда, 25 декември 2024

Пенов: Поради необезбедено двотретинско мнозинство не може да се смени и дел од Законот за локална самоуправа

Пенов: Поради необезбедено двотретинско мнозинство не може да се смени и дел од Законот за локална самоуправа

Тетово, 21 септември 2023 (МИА) – Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска изјави дека сè додека нема двотретинско мнозинство во Собранието, како за уставните измени, нема да има можност за промени и во Законот за локална самоуправа.

Тој посочи дека Министерство за локална самоуправа има сработено измени за следната фаза на децентрализација каде што треба додатни функции и надлежности да се пренесат на општините.

- Можам само да кажам дека работиме на концепт на асиметрична децентрализација. Не како досега, за сите општини се, туку оние општини кои немаат капацитети за одредени функции, за сметка на нив, соседните општини ги извршуваат. Тој проект е анализиран, подготвуван, меѓутоа самата промена на Законот за локална самоуправа бара двотретинско мнозинство во парламентот кое засега не е обезбедено. Искуството од досегашните промени, односно промената вкупна која се направи во локалната самоуправа предизвика големи пожари во Македонија, буквални пожари кога го палеа министерот за одбрана во Струга, па додека не постигнеме согласност за да имаме двотретинско мнозинство за гласање, цениме дека не е момент да почнеме, изјави Пенов од тетовско Боговиње.

За поголем процент од данокот за додадена вредност (ДДВ) да добиваат општините, според Пенов нема застој.

- Ние сме засега во процесот со кој до 2025 секоја година по 0,5 отсто повеќе од ДДВ преоѓа и се распределува во општините. И од персоналниот данок. За додатната децентрализација тоа Министерството за финансии го води. Ќе разговараме за имплементација после 2025 година. Но пример во екологијата е прилично децентрализирана надлежноста, практично се е во рацете на општините. Во тој дел ние треба да им помогнеме на општините да изградат капацитети, административен, кадар, да создадат можности да ги применуваат. Многу повеќе проблеми имаме со воздухот во поголемите општини, а во помалите со изнесувањето на сметот. Тоа се организациски проблеми во која надлежноста е комплетно децентрализирана, истакна Пенов.

Министерот Пенов беше во Долно Палчиште каде со средства на Министерството за локална самоуправа се гради пат до автопатот Тетово-Гостивар. ас/цр

фото: МЛС 

 

Остани поврзан