• недела, 24 ноември 2024

Пенов: Министерството за локална самоуправа издвојува за подобри услови за живеење 

Пенов: Министерството за локална самоуправа издвојува за подобри услови за живеење 

Демир Капија, 25 септември 2023 (МИА) - Министерството за локална самоуправа издвојува за подобри услови за живеење, луѓето да останат тука. Ова го истакна министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, при денешната работна посета на Демир Капија.

Тој се сретна со демиркапискиот градоначалник Лазар Петров и заедно пропешачија околу два километра. Средбата беше за вовед во работата за изградба на локален пат во Демир Капија, како дел од проектите финансирани од МЛС за намалување на диспаритетите меѓу општините. 

- Видов дека Демир Капија е инфраструктурно добро управувана и средена и е еден од позитивните примери на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Некои проекти се правени со помош на државата, денес стартуваме со нов проект. Министерството за локална самоуправа издвојува 10.7 милиони денари за да се направи оваа улица во Демир Капија, во должина од 700 метри и да обезбедиме подобри услови за живеење, луѓето да остануваат тука, рече министерот, додавајќи дека поддршката ќе продолжи и понатаму.

Станува збор за изградба на крак на улицата „Партизанска“, должината на потегот е 717 метри, инвестицијата е во вредност од 10.723.856,00 денари, а средствата се добиени од Министерството за локална самоуправа. Изведувач на работите е фирмата „АС машини“.

Петров изрази благодарност до Министерството и нагласи дека ова е од значително значење за развој на Демир Капија. свд/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан