• четврток, 26 декември 2024

Пенов: Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на ЛДП

Пенов: Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на ЛДП
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) – Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов соопшти дека за десеттина дена ќе се одржи Конгресот на партијата на кој се очекува да се избере нов партиски лидер, а актуелната пратеничка Моника Зајкова е единствен кандидат. - Зајкова е единствен кандидат за нов лидер на партијата. Јас нема да се кандидирам. Треба млади и свежи идеи и сили, како ние кога сме ја правеле инфраструктурата на партијата, рече Пенов во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. За доскорешниот претседател Горан Милевски, кој даде оставка од партиската функција и од функцијата министер за локална самоуправа, Пенов рече дека тој бил против францускиот предлог и дека неговиот став не поминал низ органите на партијата. - Ако си против француски предлог, а Владата го усвојува, тогаш каде ти е местото? Неговиот став не помина низ органи. Пратениците гласаат „за“, се определија за Европа, за чекор понатаму, рече Пенов. На прашањето дали Милевски ќе биде предложен за амбасадор, Пенов одговори дека „во постапка е“. - Предложен е, во некоја постапка е, рече Пенов. фф/бак/

Остани поврзан