• четврток, 26 декември 2024

Пенов: Важно е да градиме проекти кои ги избрале граѓаните, а најдобро е кога општините се заинтересирани за нивна реализација

Пенов: Важно е да градиме проекти кои ги избрале граѓаните, а најдобро е кога општините се заинтересирани за нивна реализација

Крива Паланка, 29 ноември 2023 (МИА) - Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, на денешниот состанок со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, и со градоначалникот на општината, Сашко Митовски, истакна дека рекреативната патека, која е дел од Програмата за развој, е нова можност на жителите на општина Крива Паланка за дружење и рекреација, се создаваат услови за развој на спортот, но и за локалниот развој, преку збогатување на понудата за домашните и посетителите од странство. Тој нагласи дека додадена вредност на овој проект е во тоа што е избран од граѓаните на Крива Паланка, во консултативен процес организиран од страна на општината.

Денеска во Крива Паланка официјално беше пуштен во употреба памп - трак полигон, вреден четири милиони денари, 2.5 милиони грант од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и 1.5 милиони денари кофинансирање од општината.

 - На задоволство на сите нас, а најмногу на граѓаните на Крива Паланка денеска се заокружува еден убав проект кој што е резултат на соработката меѓу Министерството за локална самоуправа, УНДП, Швајцарската Влада и општината. Двата проекти се финансирани со средства од Министерството за локална самоуправа и од Швајцарската Влада. Имплементатор е УНДП. Со свои средства учествува и општината, што покажува дека локалните власти се заинтересирани за развојот и за подобрување на квалитетот на живеење на своите граѓани, рече министерот за локална самоуправа.

Според Пенов, министерството за локална самоуправа ги поддржува проектите кои што имаат влијание на локалната демократија. Без локална демократија нема локална самоуправа и обратно, без локална самоуправа нема локална демократија.

 - Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП учествува во реализацијата на слични проекти во 40 општини, за што за периодот од 2022 до 2026 година се обезбедени два милиони долари, со поддршка на Швајцарската Влада. Овие процеси се взаемно условени, а најважно од се е граѓаните да ја препознаат корисноста од сопственото учество и да го валоризираат својот глас преку создавање на партнерства со локалните власти и заедничко подобрување на условите за живеење во локалната заедница. Исто така денеска имав можност да видам како е опремена Салата на советот на општината. Преку проектот Зајакнување на општинските совети е набавена опрема за пренесување на седниците на Советот во живо. На овој начин се зголемува транспарентноста и отчетноста на локалните власти, истакна министерот.

Двата проекти се реализираа во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

 - Министерството за локална самоуправа ги поддржува проектите кои што имаат влијание на локалната демократија. Без локална демократија нема локална самоуправа и обратно, без локална самоуправа нема локална демократија. Овие процеси се взаемно условени, а најважно од се е граѓаните да ја препознаат корисноста од сопственото учество и да го валоризираат својот глас преку создавање на партнерства со локалните власти и заедничко подобрување на условите за живеење во локалната заедница, заклучи министерот. ид/ сан/

Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан